Трамп размислува да го признае украинскиот Крим како дел од Русија, пишува Semafor

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го признае Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година, како руска територија во евентуалниот иден мировен договор за ставање крај на војната во Украина, објави веб-страницата Semafor.

Според него, претставници на американската администрација разговараат и за можноста да ги повикаат ОН на сличен чекор. Во написот се истакнува дека Трамп сѐ уште нема донесено конечна одлука за ова прашање.

Семафор известува, цитирајќи две лица запознаени со ова прашање, дека американските официјални лица исто така разговарале за можноста Вашингтон да ги повика Обединетите нации да го сторат истото.

Агенцијата Reuters не може независно да го потврди извештајот. Semafor објави дека Белата куќа одбила да коментира. Порталот наведува дека Трамп официјално не донел никакви одлуки и дека можните потези за Крим се меѓу различните опции што се споменуваат.

Претходно, весникот The Globe and Mail, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека американските предлози за мирно решавање на конфликтот во Украина вклучуваат признавање на голем број нови територии за Руската Федерација, како и пренесување на правата на Вашингтон за добивање милијарди долари приход од продажбата на украинските природни ресурси.

Трамп треба да разговара со Владимир Путин во вторник за да се обиде да го убеди рускиот претседател да прифати прекин на огнот во војната на неговата земја со Украина и да се придвижи кон потраен крај на тригодишниот конфликт.

Крим е меѓународно признат од повеќето земји како дел од Украина, а Киев изјави дека сака да се врати полуостровот на Црното Море. Кремљ постојано изјави дека Крим, каде што историски е стаионирана руската Црноморска флота од нејзиното формриање а доминатнтни се Русите и населението кое зборуваа руски пред анексијата, веќе формално е дел од Русија, прашање за кое вели дека е затворено „засекогаш“.

Стратешки важниот црноморски полуостров Крим по насилниот превратот во Киев во 2014 година поддржан од западните земји, веднаш во март истата година по рестриктивните закони кон огромната руска и рускојазична заедниа донесени од штотуку воспоставените прозападни украински власти со два референдума прво ја врати автономијата укината со прогласува на украинската независност во 1990 година, а потоа и враќање во Русија од чија територија со указ на тогашниот советски водач Никита Хрушчов (роден во Украина) во 1956 година е одземен и приклучен на тогашната Советска република Украина. Западот и Киев не ги признаваат референдумите и сметаат дека Крим е нелегално анектиран од Русија и покрај историските факти кои ги истакнува Москва.