
Новинската агенција „Нетпрес“ одлучи да не се снимаат и фотографираат погребите в четврток, на трагично загинатите во пожарот во Кочани.
Во овој период на жалост, кога болката од згаснувањето на 59 животи е неизмерна, треба да се почитува приватноста на семејствата, а медиумите да известуваат одговорно и професионално. Бидејќи, загубата на овие млади животи е толку трагична и трогателна и воопшто не се потребни светлата на камери да сведочат за лелекот на скршените души кои ќе се збогуваат со своите чеда за последен пат…
И жителите на Кочани до медиумите упатија апел да не се злоупотребува трагедијата и тагата на луѓето за сензационализам и да се обезбедат достоинствени услови за погребите.