
Во мноштовото медиумски стручни и „стручни“ експертизи во врска со тагедијата во Кочани во која загинаа 58 млади луѓе, професорот Владимир Пивоваров смета дека во трагичнит настан во дискотеката „Пулс“, „највечатливо е однесувањето на Министерството за внатрешни работи“ додавајќи дека корупцијате е „основа на се што ни се случува, при што за нејзино сузбивање доцниме една светлосна година, а проблемите што ни се сллучуваат секојдневно сите ги знаеме, продолжувајќи со нападите врз Министерството за внатрешни работи.
Меѓутоа, за потсетување, очигледно партиски насочениот професор кој станува редовен „експерт“ во медиумите блиски до сега опозициската СДСМ, имаше сосема поинаков став кога во несреќата на автобусот на „Беса Транс“, во време на владата на двоецот СДСМ/ДУИ во која загинаа 45 луѓе, безмалку го обвини самите жртви.
Таквото однесување и превртливост на Пивовров не остана без реакции на јавноста, која своето мислење масовно го искажа во објави на социјалните мрежи.
Порталот off.net.mk, така, прави паралела во исказите на Пивоваров во однос на двете трагедии, од кои јасно се отчитува партиската заднина на „експертизите“ на односниот.