
Денеска (19.03.2025), полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше.
Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп. Имено, тој побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати.
Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во објектот во Скопје, откако биле претходно криминалистичко – технички обработени.
Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.