
На телефонската линија за медицински совети 15123 – Ало докторе! во изминативе два дена со пресек до 22 часот имаше 354 јавувања од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите граѓани кои се јавија на телефонската линија Ало докторе! им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Најчесто јавувањата се за медицински совет со кардиоваскуларна и респираторна симптоматологија поради променливите временски услови и проблеми со покачена телесна температура и настинки.
На телефонската линија за медицински совет се достапни вкупно 22 доктори. Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот Ало докторе за медицински совет се дежурни и достапни за здравствен совет директорите на јавните здравствени установи.
Денес во кол центарот на Ало докторе! од 18 до 22 часот ќе биде дежурна др.спец.Смиља Туџарова од клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а утре проф.др. Михаил Пенев директор на клиниката за урологија