
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Гевгелија каде се измерени 40 l/m2, потоа 30 во Пожар-Радовиш, 26 во Струмица, 18 во Штип и Демир Капија, 17 во Куманово, 16 во Пожаране, 15 во Крушево и Попова Шапка, 13 во Тополчани, 12 во Прилеп, Претор и Маврови Анови, 9 Битола и Велес, 8 во Скопје-Петровец, 5 во Крива Паланка и Кавадарци, 4 во Виница, 3 во Лазарополе и 2 l/m2 во Берово и Охрид.
Од Управата за хидрометеоролошки работи напоменуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на нивните дождомерни места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.