
Иако американскиот претседател Доналд Трамп во средата објави тарифи за своите сојузници и конкуренти ширум светот, некои од земјите кои се по најголем број санкции од Западот – Русија, Белорисија, Северна Кореја и Куба.
„Соочени со непопустлива економска војна, Соединетите држави повеќе не можат да спроведуваат политика на еднострано економско предавање“, рече Трамп во Белата куќа додека ги претстави новите царини.
Тој најави воведување минимална царина од 10 отсто за целиот увоз во САД, но на повеќето земји им беше воведен поголем процент. Кина, најголемиот извозник во САД, сега се соочува со царини од 54 отсто, а Европската унија со 20 отсто.
На списокот на земји кои се соочуваат со „реципрочни царини“ не се Русија, Белорусија, Куба и Северна Кореја. Во исто време, американските разузнавачки агенции во својата годишна проценка за безбедносната закана за САД известија дека најголемата опасност, заедно со Кина, претставуваат Русија, Иран и Северна Кореја.
Запрашан зошто Русија не е на списокот со нови царини, американскиот министер за финансии Скот Бесент на телевизијата Fox News одговори дека САД не тргуваат со Русија и Белорусија, бидејќи тие земји се под строги санкции.
Американските официјални податоци покажуваат дека размената на стоки меѓу Русија и САД минатата година изнесувала 3,5 милијарди долари. Во 2021 година, годината пред почетокот на руската инвазија на Украина, таа изнесуваше 36 милијарди.
Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит изјави за Axios дека Русија не е на списокот бидејќи нема значителна трговија со земјата, а Куба, Белорусија и Северна Кореја веќе се под високи царини.
Русија, земја под речиси 29.000 различни западни санкции, ги чува во тајност своите трговски податоци од почетокот на војната, пишува Reuters, што не е сосема во согласност со достапните податоци од јавни извори и мрежните страници на руската влада. Москва, имено редовно ги објавува извштаите за остварените трговски зделки со САД, особено во секторот на енергенси и ретки руди и минерали.
Според Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, Соединетите држави извезле стоки во Русија во вредност од три милијарди долари во 2024 година, што е за 34,2 отсто помалку отколку во 2023 година. За Русија, главниот ризик е потенцијалното забавување на светската трговија, што исто така може да ја намали цената на нафтата.
Руската централна банка претходно оваа година ги предупреди официјалните лица дека САД и членки на Организцијата на земјите извознички на нафта (OPEC) имаат капацитет да го преплават пазарот со нафта и со тоа да ја намалат цената. Слична ситуација беше забележана во осумдесеттите години, во годините пред падот на Советскиот сојуз, пишува Reuters.
Трамп во неделата во телефонското интервки за телевизијата NBC News изјави дека е бесен на рускиот претседател Владимир Путин што го критикувал кредибилитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, сугерирајќи дека САД би можеле да воведат секундарни царини од 25 до 50 отсто за купувачите на руска нафта.