
Инвеститорите нервозно го очекуваат почетокот на тргувањето на Волстрит во понеделник, по минатонеделниот пад на цените на акциите по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за увоз од повеќе од 180 земји, а се очекува уште една седмица на големи турбуленции на берзата, бидејќи другите земји сега ќе реагираат на воведените царини.
Терминскиот (фјучерс) Dow Jones индекс потона за дополнителен 1.531 поен, или за 4 отсто, во неделата ноќта, што укажува на нова брутална распродажба на акциите во понеделник. ТЕрминските S&P 500 и Nasdaq индекси, исто така, беа во минус ноќта кон понеделникот за околу 4 проценти.
Во два дена откако Трамп објави дека воведува високи царини, индексот S&P 500 потона за 10,5 отсто и изгуби околу 5.000 долари од пазарната вредност. Тоа беше неговата најголема дводневна загуба од март 2020 година. На крајот од минатата седмица, S&P 500 падна за повеќе од 17 отсто од рекордното високо ниво на 19-ти февруари и е на работ на „пазарот на мечката“, на кој би влегол доколку падне за 20 отсто во однос на својата најгвисока вредност.
„Пазарот на биковите е мртов. Бо можеле да видиме некои добивки во следните неколку дена, но како што стојат работите сега, тие нема да бидат одржливи“, вели Марк Малек, главен директод за инвестиции во „Siebert Financial“.
Во утринските (по американско време) ток-шоу емисии во неделата, главните економски советници на американскиот претседател Доналд Трамп воведените царини ги претставуваа како „паметно репозиционирање“. Министерот за финансии Скот Бесент во емисијата „Meet the Press“ на телвизиската мрежа NBC News рече дека „нема причина“ да се предвидува рецесија.
Некои трговци сметаат дека барем ќе има „отскокнување“ на берзата по минатонеделната остра корекција.
„Во одреден момент оваа седмица, веројатно е неизбежно дека ќе имаме активен ден“, смета Стив Сосник, главен инвестициски стратег во „Interactive Brokers“.
Сепак, се поставува прашањето за одржливост на евентуалното закрепнување.
„Можеби оваа седмица ќе го видиме денот кога екраните ќе станат зелени, но до одржливоста на закрепнувањето на индексите можеби нема да дојде за три или четири седмици. Во тој момент луѓето ќе почнат да велат ‘издишавме доволно воздух од балонот’, вели Алекс Морис, главен инвестициски директор во „F/m Investments“.
Инаку, на Волстрит минатата седмица индексот Dow Jones падна за 7,9 отсто, на 38.314 поени, додека S&P 500 потона за 9,1 отсто, на 5.074 поени, а индексот Nasdaq за 10 отсто, на 15.587 индексни поени.
На почетокот од седмицата се чинеше дека пазарот може да се опорави од падот од претходната седмица, бидејќи инвеститорите „играа“ на тоа дека Вашингтон ќе биде попустлив за долго најавуваните царини. Но во средата следеше „студен туш“ – американскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 10 отсто за целиот увоз на САД, како и дополнителни реципрочни царини за многу земји со кои САД имаат трговски дефицит. Никој не очекуваше толку драстични царини, па така во четвртокот драстично паднаа сите најголеми светски берзи, од Азија, преку Европа, до САД.
Пооптимистичките инвеститори се надеваа на смирување на пазарот, но во петокот притисокот на берзите дополнително беше зголемен откако Кина најави противмерки – царини од 34 отсто за целиот увоз од САД, точно колку што Трамп постави царини за увоз на кинески стоки.
И на сите други најголеми светски берзи цените на акциите драстично паднаа минатата седмица. Меѓу другото, индексот STOXX 600 на најважните европски акции потона за 8,3 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс се лизна за 7 отсто, на 8.054 поени, додека франкфуртски DAX потона за 8 отсто, на 20.641 поен, а париски CAC 8,1 отсто, на 7.274 поени.