Денеска пресуда за случајот „Ровер“

Пресудата за случајот „Ровер“, во која му се суди на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоси, Кривичниот суд ќе ја донесе денеска во 13 часот.

Бошкоски за ова дело веќе беше осуден на 12 годишна затворска казна. но Апелацискиот суд ја укина оваа пресуда и ја врати во постапка на повторно судење. Причината за укинувањето на казната беа направените пропусти во првостепената постапка.

Случајот „Ровер“ се однесува за убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев. Во првостепената пресуда Бошкоски беше осуден за помагање.

Бошкоски на повтореното судење отворено го изразуваше револтот против судскиот совет и бараше изземање на судијата Илија Трпков. Тој неколкупати беше отстранет од судницата поради недолично однесување.