
Српскиот премиер Александар Вучиќ гледа репер во неговиот македонски колега Никола Груевски.
На гостување во една емисија, пред околу една година, Вучиќ признава дека потезите на премиерот Груевски му се пример за понатамошно негово политичко делување.
Српскиот премиер смета дека политиките кои претседателот на македонската Влада ги спроведува се исправни, а превземените чекори сe во корист на граѓаните и за нивна подобра иднина.
Медиумите неодамна пишуваа дека српскиот премиер ќе го користи македонскиот економски рецепт. Субвенционирање на кредити преку комерцијалните банки, субвенционирано вработување на млади лица, инвестициски услуги за странски компании. Овие мерки, многу добро познати во Македонија, се всушност мерките што ги најави Вучиќ пред околу шест месеци. Тој во интервју за српски Неделник рече дека Македонците успеале да ги привлечат странците што се интересирале да инвестираат во Србија.
-Компаниите кои требаше да инвестираат во Србија се одлучија тоа да го сторат во Македонија. Ќе направиме се идните потенцијални инвеститори да ги натераме да вложуваат во Србија, вели Вучиќ во интервјуто за српски Неделник.
Во интервјуто тој најавува четири економски и социјални мерки со кои планира да ја зајакне српската економија во споредба со регионот. Тоа се истите мерки кои македонската влада веќе одамна ги применува во насока на подобрување на животниот стандард и подобрување на бизнис климата во земјата.