Росел откри дека Чави е архитектот на тика-така

Сандро Росел, претседателот на каталонскиот гигант Барселона, откри дека одличниот играч за врска, Чави Хернандез е архитектот, таткото на фудбалската филозофија, позната како „тика-така”.

„Без Чави, играта на Барселона ќе немаше никаква смисла. Тој е архитектот на нашиот стил на игра. На другите ќе им беше многу тешко да постигнат погодок, ако покрај себе го немаа Чави. Потписот на Чави стои веднаш до фудбалската филозофија позната како ’тика-така’. Истата го достига максимумот благодарение на Андрес Ињеста, Серхио Бускец и Лионел Меси. Барселона немаше да биде тоа што е денес доколку ги немавме на располагање услугите на Чави. Горди сме на фактот дека тој е дел од нашата фамилија”, изјави Росел.