Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер ја започна потрагата по нов напаѓач кој би требало да се покаже како пресуден кога е во прашање борбата за шампионската титула во англиската Премиер лига.
Во списокот со напаѓачи кои би требало да се преселат на „Емирати” за време на зимскиот преоден рок сега може да се прочита и името на резервниот напаѓач на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Себастијан Џовинко.
Желбата на трофејниот француски стручњак лесно може да стане реалност доколку неговата понуда за 26-годишниот напаѓач не биде помала од 15 милиони евра.