
Милиони деца низ светот секојдневно се жртви на насилство, сексуално малтретирање, зависници од психотропни супстанции. Податоците во светски рамки се загрижувачки, а состојбата е алармантна и во Македонија, велат од Првата детска амбасада Меѓаши, пренесува телевизија Орбис.
На СОС телефонот на „Меѓаши, кој работи 21 година од битолските деца, најмногу дојави имало за малолетничка проституција и сексуално малтретирање.
– Во Битола на СОС телефонот има дојави за малолетничка проституција и сексуална злоупотреба на деца и ние реагираме до институциите затоа што не е во ред да се заработува на сметка на деца – вели Драги Змијанац, основач и извршен директор на „Меѓаши“
Во Македонија бројот на случаи на педофилија и родосквернавење е зголемен, но, според „Меѓаши“, многу од жртвите не ги пријавуваат овие деликти затоа што извршителите најчесто се нивни блиски роднини или пријатели. Како најчест вид на насилство врз децата се јавува семејното.