
Светот ќе го памети март 2011 година, кога сведочеше за хоророт во јапонскиот град Фукушима. Силен земјотрес го погоди регионот, а потоа смртоносно цунами однесе се’ пред себе, бродови, автомобили, домови, но и несреќни луѓе кои му застанаа на патот.
На 11-ти март 2011-та година земјотрес со интензитет од девет степени ја погоди Јапонија. Потоа следуваше катастрофално цунами со бранови високи и до 40 метри. Една од најголемите нуклеарни катастрофи се случи во атомската централа Фукушима 1. Особено тешко таа ги погоди префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима.
Повеќе од 20 илјади луѓе ги загубија животите или се’ уште се водат како исчезнати. Половина милион луѓе останаа без покрив над главата.
Речиси 80.000 луѓе беа евакуирани поради катастрофата. TEПКO, сопственикот на фабриката и една од најмоќните компании во Јапонија, инсистираат на тоа дека ситуацијата е под контрола и во декември најави дека фабриката е сега во состојба на „ладно исклучување”. Потоа, започна акцијата на расчистување на погодените региони.
Операцијата за расчистување на TEПКO вклучува поместување 400 тони ураниум од резервоарите во внатрешноста на реакторот број четири на побезбедна локација. Тоа се очекува да трае една година, и е крајно деликатен процес.
И три години по несреќата, радиоактивноста и натаму е секојдневие на голем број луѓе.
Во градот Намие на повеќе од 20.000 поранешни жители им е дозволено да ги посетат своите домови, но само еднаш месечно со специјални дозволи,но не им е дозволено да преноќат.
Граѓаните, некогаш горди на моќната нуклеарна централа денеска ја обвинуваат за несреќа која ги расели од нивните домови. Нивниот град денеска е само рушевина, пишува британски Дејли Меил. Многумина мора да чекаат и по пет, дури десет година за да дознаат дали нивните домови се безбедни, голема е веројатоста дека тие никогаш нема да се вратат во нив. Според Дејли Меил, тоа се градови на духови.
Но, и покрај објавите дека е безбедно, ретко кој се врати на местото на несреќата која го потресе светот.