Америка ќе биде погодена од досега невидено невреме

Најмалку осум лица загинале во снежната бура во северо-источна Америка, а познатиот физичар, Мичио Каку од универзитетот во Њујорк, најавил дека Америка ќе биде погодена од досега невидено невреме.

Тој изјавил дека околу 250 милиони американци ќе се соочат со досега невидено невреме.

-Се ќе отиде по ѓаволите, се` што е на земја, во вода и во воздух ќе застане поради нарушувањетона времето, предупредил тој и додал дека се’  ќе смири до крајот на ноември.

„Последици од ова „нарушување“ ќе се почувствуваат за еден месец и ќе мора да се навикнеме на тоа дека земјата се менува и се` повеќе ќе ја покажува својата моќ“.

Оваа најава потврдува дека Америка се подготвува за нешто доста големо и на тоа дека американската влада е запознаена со тоа.