
Даночната служба на САД (The Internal Revenue Service), наводно, бара од градоначалникот на Лондон Борис Џонсон да ги плати даноците што тој ги должи во Соединтетите Американски Држави, но политичарот од Велика Британија вели дека ништо нема да плати.
Педесетгодишниот Џонсон е градоначалник на Лондон од 2008 и размислува за кандидатура во Парламентот во блиска иднина. Во меѓувреме, тој може наскоро да се најде во незгодна ситуација од другата страна на барата. Џонсон, кој е роден во Њујорк, но се отселил на возраст од пет години, минатата недела изјави во интервју за НПР дека САД бара од него да плати данок на капитална добивка како американски граѓанин кој заработува приход во странство.
Претходно во 2006, Џонсон напиша во колумна дека тој се „разведува од Америка” и ќе се откаже од американското државјанство истакнувајќи дека „со години сум патувал исклучиво со британски пасош”, а не со другиот, издаден од САД. Таа закана не ја материјализира, но прашањето до градоначалникот за време на интервјуто можеби го разгоре неговиот интерес – и без сомнение откри уште еден непријатен проблем на Џонсон против американските даночни служби.
– Знате, непријатно е, но јас ќе кажам: големите Соединети Американски Држави имаат прилично тешки правила, рече Џонсон. “Вие може нема да верувте, но ако сте американски државјанин, Америка ја вежба оваа неверојатна доктрина на глобално оданочување. Иако даночните стапки во Велика Британија се далеку повисоки, а јас сум градоначалник на Лондон, јас ги плаќам сите даноци во Велика Британија и според тоа, јас плаќам многу повисока пропорција од мојот приход за данок отколку ако би живеел во Америка”.
– САД ме гонат, дали верувате, за данок за капитална добивка за продажба на првиот стан кој не подлежи на данок во Велика Британија, но тие се обидуваат да ми лупнат некоја сметка, можете ли да верувате? – додаде Џонсон.
Но потоа дојде прашање кое го притисна Џонсон: „Дали ќе ја платите сметката?” Градоначалникот првично рече дека нема да ја плати, сепак, додавајќи дека тој само мислел дека барањата на Америка се „срамни”.
– Срамота или не, ќе го платите ли овој данок? – повторно праша новинарот.
– Па, јас сум – не, е одговорот – градоначалникот конечно призна. „Мислам дека, тоа е апсолутно срамота. Зошто би платил? “.
– Јас би можел, но јас плаќам – јас плаќам лавовски дел од приходите за данок, јас целосно ги плаќам даноците во Обединетото Кралство кадешто живеам и работам – додаде Борис Џонсон, велејќи подоцна дека тој сѐ уште го има американскиот пасош бидејќи „е многу тешко да се откажеш од него”.
Според најновите податоци рекорден број на Американци се откажале од нивното државјанство или зелените карти во 2013, поради материјални обврски за граѓаните кои живеат надвор од земјата со што се добива една посложена слика за проценките на американските даночници.
Вкупно 2.999 граѓани формално се одрекле од нивното државјанство во 2013. Минатата година покажа пораст од 221 отсто во однос на 2012.