
Последните два натпревари од шестото коло од Македонската кугларска лига се одиграа вчера. Во Битола се одигра вистински трилер натпревар помеѓу екипите на Хераклеа и Вардар 2014, каде индивидуално беа поделени бодовите и победникот беше решен со бројот на соборени дрва. Така, гостинската екипа на Вардар 2014 со само 6 соборени дрва повеќе успеа да се врати со полн плен од Битола. Завршен резултат Хераклеа-Вардар – 2014 3:5, резултат на вкупно соборени дрва 3087 наспроти 3093.
Во вториот натпревар одигран во кугланата “Мусандра”, екипата на ГТЦ ја совлада екипата на Македонија со резултат 7:1, со резултат на вкупно соборени дрва 3238 наспроти 2928.
Претходно, екипите на 18 Август АДИНГ и Работнички одиграа нерешено 4:4, со вкупен резултат на соборени дрва 3254 наспроти 3253, додека Макпетрол ја победи екипата на Империјал Тобако со резултат 6:2, со резултат на вкупно соборени дрва 3369 наспроти 2972.
Со комплетирањето на шестото коло ја добиваме следната состојба на бодовната табела:
ТАБЕЛА
Место | ЕКИПА | Вкупно одиграни натпревари | Победа | Нерешено | пораз | Бодовна состојба |
МАКПЕТРОЛ | 6 | 6 | 0 | 0 | 12 | |
РАБОТНИЧКИ | 6 | 4 | 1 | 1 | 9 | |
ВАРДАР 2014 | 6 | 3 | 1 | 2 | 7 | |
“ГТЦ-СКОПЈЕ” | 6 | 2 | 2 | 2 | 6 | |
“ХЕРАКЛЕА” | 6 | 2 | 1 | 3 | 5 | |
18 АВГУСТ АДИНГ | 6 | 2 | 1 | 3 | 5 | |
ИМПЕРИАЛ ТОБАКО | 6 | 2 | 0 | 4 | 4 | |
МАКЕДОНИЈА | 6 | 0 | 0 | 6 | 0 |