
Руските власти до среда очекуваат одговор од македонските власти – што покажала истрагата и дали македонски фирми реекспортирале европски производи на рускиот пазар, кршејќи го така руското трговско ембарго кон ЕУ.
Македонските власти потврдуваат дека истрагата е завршена, но Владата се’ уште не ги разгледала резултатите и затоа тие не се објавуваат.
Доколку се утврди дека земјава го нарушила трговското ембарго, се соочува со можност и таа да биде ставена на „црна“ листа, а извозот на македонски производи на рускиот пазар да биде времено забранет.
Руските власти се сомневаат дека македонски фирми извезувале европски производи во Русија прикажувајќи ги како македонски, пред се јаболка и компири.