За да го подготвите овој десерт, потребни ви се следниве состојки:
-Половина чаша брашно од соја
-3 лажици пченкарно брашно
-2 лажици мелени бадеми
-1 лажица сода бикарбона
-Половина лажица масло
-Малку сол
-Едно јајце
-Половина чаша нискомаслено млеко
-1 лажичка ванилен екстракт
Начин на приготвување:
Изматете ги јајцата со помош на миксер додадете ги млекото, маслото и ванилниот екстракт. Потоа додадете ги и сувите состојки и мешајте уште 2 минути.
Оставете ја смесата во фрижидер 15 -20 минути. Потоа можете да ги печете палачинките по 2 -3 мнути од секоја страна.
Декорацијата препуштете и ја на вашата фантазија.