Жена во очај: „Крвнички ме тепаше пред децата“

Mладата Ивана Поповиќ од Белград ja раскажа голготата која ја доживеала на 12-ти месецов. Таа се шетала со своите мали деца, кога крвнички била нападната од еден бесен возач. Тој излегол од автомобилот и ја претепал беспомошната жена.

Насилникот има 25 години. Овој хулиган доби само прекршочна пријава.

-Го носев моето 5-годишно дете во градинка, а другите деца кои имаар 8 и 12 години ги носев во училиште. Дечкото со автомобилот застана пред мене. Го замолив да се тргне, му свирнав 2-3 парти.  Тој ми покажа среден прст, ама не се помести, вели жената.

Се направила голема колона. Ивана мислела дека на момчето му се слошило и неможе да вози, па излегла да помогне. Тогаш тој излегол од автомобилот и ја претепал.

Никој не и помогнал на жената која крварела низ цело тело, а истовремено ги слушала дечињата кои врескаат од страв.

„Ме удираше крвнички низ цело тело додека моите деца тоа го гледаа. Врескаа и плачеа. Нивните крици ми одекнуваат во главата секоја ноќ пред да заспијам“, вели таа.