Извлечени групите за Копа Америка 2015

Синоќа беа извлечени групите за континенталното фудбалско натпреваруње, Копа Америка.

Најинтересно се чини ќе биде во групата Б, каде ќе се натпреваруваат репрезентациите на Аргентина, Уругвај, Парагвај и Јамајка.

sorteio-copa-america2015-24112014-size-5980

Пласман во четвртфиналната рунда ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од секоја група, како и најдобрите два третопласирани земји.

Првенството ќе започне на 11-ти јуни 2015 година, а финалето се игра на 4-ти јули. Титулата ќе ја брани репрезентацијата на Уругвај, која всушност е и најтрофејната селекција во историјата на Копа Америка.

ГРУПА А: Чиле, Мексико, Еквадор, Боливија

ГРУПА Б: Аргентина, Уругвај, Парагвај, Јамајка

ГРУПА Ц: Бразил, Колумбија, Перу, Венецуела