Ајакс и Олимпијакос во групната фаза на ЛЕ

Европските фудбалски гиганти Ајакс и Олимпијакос се пласираа во групната фаза од Лига европа.

Ајакс загуби со 0:1 од буграрски Лудогорец на домашен терен, но холандскиот претставник го доби првиот меч со 4:1 и рутински продолжи натаму. Решавачкиот гол го постигна Матиас Тисера во 62. минута.

Со рутинска игра се пласираше и грчки Олимпијакос со две убедливи победи против белградски Чукарички. Во првиот меч Грците пред своите гледачи победија со 3:1, а во реваншот со 3:0 со головите на Масурас во 34, Биел во 45+1 и Рецос во 53 минута.

Во групната фаза во второто според квалитетот континентално натпреварување се пласира и кипарски Арис Лимасол, кој го победи Слован од Братислава со 6:2, откако во првиот меч загуби со 1:2. Херој натпреварот беше тројниот стрелец Јаник Гомис.