Ја асфалтиравме улица 6 во Идризово, објави Стефковски на Фејсбук

Завршуваат градежните активности за асфалтирање на улица 6 во населеното место Идризово, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Жителите велат дека по 60 години газење во кал, конечно добиваат асфалт. Оваа година ја реализираме историски најголемата градежна офанзива за општина Гази Баба во чии рамки е во тек асфалтирање на околу 40 локални улици во сите населени места низ општината. Нема повеќе заборавени населени места. Продолжуваме понатаму, исткна Стефковски