![ramstore-mall](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/ramstore-mall.jpg?resize=550%2C309&ssl=1)
Се продава ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“, а, како што соопштија турските сопственици „Мигрос Тиџарет“, веќе е потпишан преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО“.
– Почнати се преговори за продажба на 100 отсто од акциите на подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД“, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија“ на компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“ – информираат од турски „Мигрос Тиџарет“.
Во соопштението се истакнува дека е потпишан преддоговор, а во тек се преговорите во врска со потпишувањето на договорот за пренос на акциите.
– Подружницата „Рамстор Македонија“, која работи во СМакедонија, сочинува приближно 1,2 отсто од консолидираната продажба на компанијата во периодот 1 јануари – 30 септември 2020 година. Притоа е направена повторна проценка на работењето на „Рамстор Македонија“ – велат од компанијата.
Имено, Ајдован Адемовски е сопственик на компанијата „Сити Плаза ДОО“, како и претседател на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција, сопственик на трговскиот центар „Капитол мол“ и на хотелот „Хилтон“ во Скопје.