Ја изгубивме војната поради нашата сопствена глупост, вели поранешен советник на Зеленски

Глупоста, гордоста и тврдоглавоста на украинскиот народ доведоа до загуба на земјата во вооружениот конфликт со Русија, тврди Алексеј Арестович, поранешен помошник на украинскиот лидер Володимир Зеленски. Тој очекува САД, Русија и Кина да одлучат за резолуција без да се консултираат со Киев.

Арестович поднесе оставка од својата владина функција на почетокот на 2023 година, откако се спротивстави на официјалниот наратив околу ракетен инцидент. Имено, тој првично тврдеше дека ракетата која паднала врз зградата во градот Дњепар е украинска ракета која, откако соборила руски проектил паднала врз зградата. По бројните реакции, тој се извини за изјавата која тој вели дека, сепак била погрешна, а со оставката кажа дека покажува „пример за цивилизирано однесување“.

Сега остар критичар на администрацијата на Зеленски, тој во неделата во објава на Телеграм напиша дека дека променливиот тон на западниот дискурс за Украина сигнализира значајна промена на политиката.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги среди работите со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг „без да се консултира со нас, затоа што е залудна соработката со оние кои ја негираат реалноста“, напиша тој.

„Ја изгубивме војната поради нашата сопствена глупост, гордост и тврдоглавост. За волја на вистината, ние самите се победивме“, додаде Арестович. „Создадовме општество на меѓусебна омраза и нетолеранција, во кое секој поединец е во право и секој колективно е виновен“.

Тој наведе неколку неодамнешни вести, нарекувајќи ги повик за будење за Украинците да го признаат поразот и нивната улога во него.

Кит Келог, специјалниот пратеник на Трамп за конфликтот во Украина, го повика Киев да ги продолжи претседателските и парламентарните избори, кои Зеленски ги суспендираше поради воената состојба. Конзервативниот американски политички новинар Такер Карлсон го нарече украинскиот лидер „диктатор“ за време на дебатата со британскиот телевизиски водител Пирс Морган.

Дополнително, одлуката на Вашингтон минатиот месец да ги прекине програмите за странска помош принуди многу украински невладини организации и медиуми да бараат приватни донации за да избегнат затворање.

Јавните изјави и медиумските извештаи сугерираат дека администрацијата на Трамп бара замрзнување на украинскиот конфликт. Москва рече дека нема да прифати исход што ќе му дозволи на Киев да ја обнови својата војска и да ги обнови непријателствата во иднина. Главните причини за конфликтот, вклучително и проширувањето на НАТО во Европа, треба да се решат за да се постигне одржлив мировен договор, тврдат руските власти.