Официјални лица во округот Сафолк во САД ја затворија плажата Лонг Ајленд, Њујорк за капачите по, како што го опишаа, „невидениот“ напад на ајкула кој повреди спасител.
Додека чувар на плажа играше улога на давеник за време на вежби за спасување, ајкула го гризна за градите и за раката, изјави градоначалникот на Сафолк, Стив Белони, пренесе ABC News.
Нападот се случил во неделата наутро, а спасувачот се здобил со неколку конци и потоа „се чувствувал добро психички“, изјавил тој.
– Ако сакате да имате блиска средба со ајкула, ова е веројатно најдоброто сценарио низ кое можете да поминете. Спасувачот веднаш добил помош од други службеници кои учествуваа во вежбата. Никогаш не сме имале ваков инцидент, а се надевам дека нема да се повтори – изјави Белони.
Тој истакна дека по нападот била забележана уште една ајкула, иако не се знае дали се работи за истата ајкула.
Се очекува плажата денеска да биде отворена за капачите, а локалната служба ќе следи за да се погрижи ајкулата повторно да не се појави.