Ајнтрахт му го нанесе првиот пораз на Баерн, Баер се израмни на врвот

Фудбалерите на минхенски Баерн во неделата во рамките на седмото коло од германското провенство го доживеаја првиот пораз во новата сезона со 1:2 од франкфуртски Ајнтрахт, и тоа на својата „Алијанц Арена“.

По деветте последователни победи во сите натпреварувања, актуелниот германски шампион Баерн неочекувано беше поразен од Ајнтрах, што воедно е и првиот пораз на тренерот Јулијан Нагелсман кој ја презема екипата ова лето.

Се чинеше дека Баварците лесно ќе дојдат до нова победа кога Леон Горецка погоди во 29 минута на асисетнција на Роберт Левандовски, но Ајнтрахт успеа да направи пресврт со головите на Австријанецот Мартин Интерегер во 32 и на Србинот Филип Костиќ во 83 минута.

Баерн и покрај поразот остана на првото место со 16 бодови, додека Ајнтрахт со осум бодови остана на 13-то место.
Со престврт и победа од 2:1 славеше и Унион Берлин на гостувањето кај Мајнц. Домашните поведоа преку Маркис Ингварсент во 39 минута, а двоен стрелец за гостите беше Тав Авонику во 69 и 73 минута.

Со победата Унион Берлин го мината на табелата Мајнц, сега е седми со 12 бодови, додека денешниот негов противник остана на 10 бодови и падна на деветтото место.

Шансата што се укажа со поразот на Баерн ја искористи Баер Леверкизен кој со гостинската победа кај Арминија од 4:0, бодовно се израмни со водечките Баварци со 16 бодови. Арминија остана во опасната зона 16-та е со четири бодови.

Стрелци за „Аптекарите“ беа Муса Диаби во 18, Патрик Шик во 24 и 57 минута и Керим Демирбеј од пенал во втората минута од судиското продолжение.