Социјалистичката партија на Македонија ја поздравува „преквалификацијата на Бујар Османи од министер во фотограф во базни станици во македонските конзулати и ја цени за посоодветна на неговите капацитети“.
-Во неинвентивната и плагијат кампања „од Бујар, Тошковски не бива“ со најавата на можноста за патување со старите пасоши во одредени држави Османи се демантира самиот себеси дека за пасошите ништо не може да се смени. Незнаењето на овој министер е епско, исто како и менувањето ставови. Со незнаењето да искористи дипломатска нота за олеснување на положбата на македонските граѓаните во странство стана предмет за потсмев во регионот и пошироко, подеднакво на скандалозното присуство на македонскиот државен врв на конференцијата во Минхен. Лажењето е својствено за Османи подеднакво на неговата склоност кон манипулации и предизборни мешетарења. Заради неговото несовесно извршување на обврските и свесното изживување со граѓаните за него е општиот впечаток дека е еден од владините ликови кои работат за интересите на други држави, а против Македонија и нејзините граѓани, велат од СПМ.