Ја претепал мајка си – Приведен 18 годишник од Куманово

На 20.12.2021 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Ј.(18) од Куманово, затоа што претходно во домот агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината. Исто така, при преглед кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.