Ја претепал сопругата, па полицијата му го претресла домот во Тетово и имала што да види

На 15.08.2023 во 17.50 часот на улица „162“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.С.(33) од тетовско село затоа што физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга.

Подоцна, по наредба на јавен обвинител, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени неколку пакувања со хероин и други предмети поврзани со делото.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.