Вакцината е нешто што сите го чекавме долго време и нешто што значи фактор којшто ќе ја смени сликата на пандемијата, а сега знаеме што значи овој инструмент да го немаме во рацете. Вакцините се сигурни, безбедни и несаканите ефекти се мали. Има точни контраиндикации за возрасни групи и ние тоа го влечеме како податок од научните испитувања. Денеска јас ја примив вакцината на „Синофарм“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
– Штотуку ја примив вакцината на „Синофарм“ и уште еднаш апелирам до граѓаните да не се плашат, бидејќи сите вакцини се безбедни и сигурни. Вчера беа вакцинирани околу 10.000 граѓани во земјава, вакцинацијата одлично се спроведува. Како што ќе доаѓаат нови вакцини, така ќе бидат распределувани. Ние одлучивме Владата да биде една од институциите која ќе се вакцинира веднаш по Собранието, па затоа сите министри во овој период добија свој термин и таа национална стратегија се темели на националните стратегии на другите земји во светот – рече Филипче.