Грчката полиција уапси маж кој шутнал мачка во морето додека бил на вечера во ресторан на островот Евија. На видеото објавено на социјалните мрежи, три лица седеле во отворен ресторан кога им пришле две мачки.
Тие се обиделе да ги намамат во морето со риба, а потоа еден од мажите ја клоцнал мачката во морето.
Доколку биде обвинет, тој може да се соочи со затворска казна до 10 години, а би можел да добие и максимална казна од 50.000 евра, пренесува Метро.
Мештаните по инцидентот мачката ја однеле на ветеринар, каде било утврдено дека е неповредена.
„Насилството врз животните е неприфатливо. Честитки за оние кои го објавија видеото“, изјави грчкиот министер на полиција ,Такис Теодорикакос.
Грција донесе строг закон во 2020 година со кој се казнува злоупотреба на животни со затвор од една до десет години. Одлуката беше изгласана едногласно во парламентот, а предвидува големи казни.
View this post on Instagram