Алијансата за Албанците во знак на револт се повлече од денешната собраниска седница за пратенички прашања, бидејќи нивниот лидер Зијадин Села не е меѓу првите пратеници кој ќе постави прашања. Пратеникот на Алијансата Сурија Рашиди најави и дека ако пратеник од опозициските албански партии не се меѓу првите двајца за поставување пратенички прашања, тогаш воопшто ќе нема седница за пратенички прашања.
Претесдателот на Собранието Талат Џафери го прчита списокот што пратениците од опозициските партии на Албанците му го доставиле на 26 јануари за седницата за пратенички прашања и рече дека на тој список воопшто не е пријавен пратеникот Села.
– Како сега да го ставам Села да постави пратеничко прашање кога на спсокот кој ми го доставивте од 26 пратеници, Села го нема никаде. На координација пред седницата за пратенички прашања не доаѓате за да се договориме – рече Џафери.
По ова Џафери објави пауза заручек, по што ќе треба да продолжи седницата за пратенички прашања.