Алијанса за Албанците, по објавувањето на видео снимката од италијанскиот весник „Ла Верита“, преку соопштение денеска побара итно да се преземат сите законски мерки за да се расчисти целосно случајот „Рекет“ и да се прошири истрагата.
Од партијата истовремено бараат да се отвораат истраги за сите предмети кои што се во предистражна постапка, како што е предметот „Пациент“ и други.
„Случајот ‘Рекет‘ е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати поради ‘рекет‘ а видео материјалот кој што е објавен денес го потврдува тоа“, се вели во партиското соопштение.
Алијансата за Албанците уште еднаш го повтори и барањето за „обвинител од ЕУ“ како решение за излез од ќорсокакот во кој се најде правосудниот систем во државата.