Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром запишаа победа со 83-71 (41-31) против тимот на Широки во меч од 8. коло од АБА-2 лигата.
За триумфот беа заслужни 14 постигнати тројки какои доминацијата во скок-играта (37-26). Македонскиот шампион полека ја градеше предноста, имаше предност во секој од деловите и на крајот заслужено победи со +12.
Тоа беше петти триумф по ред на нашиот тим на паркетот во „Јане Сандански“, откако сега се на второто место на табелата со биланс од 6-2, со победа помалку од лидерот Борац Чачак.
Џабари Хиндс беше најефикасен за „сино-белите“ со 17 поени и шест асистенции, додека зад него беа Стојановски и Андреј Магдевски со по 13 поени на кои додадоа пет скока односно шест асистенции.
За една недела, МЗТ ќе го одигра следниот дуел во АБА-2 лигата и тоа на гостински терен против српскиот претставник Динамик.