Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа уште еден пораз во АБА лигата и тоа на гостувањето во Подгорица кај Будуќност каде беа совладани со 89:66.
Македонскиот шампион важеше за аутсајдер на овој меч и тоа се потврди на теренот каде избраниците на Петровиќ беа подобри само во втората четвртина која ја реализираа со 21:16.
Првиот значаен тест МЗТ ќе го има на домашен терен против Студентски центар, тим против „штрковите“ можат да бараат победа.
Што се однесува до вечерашниот меч, Ајви и Максвел уфрлија по 12 поени, додека капитенот Дамјан беше автор на 10 кошеви.