Во првиот натпревар од финалната серија на регионалната кошаркарска АБА лига, белградски Партизан како домаќин го победи градскиот ривал Црвена ѕвезда со 88:80 (29:21, 27:15, 17:25, 15:19).
Големиот чекор кон водството во финалната серија Партизан го направви во првото полувреме и на одмор замина со голема предност од 20 поени (56:36). Во продолжението од соочувањето Црвена ѕвезда се закани и на три ипол минути пред крајот дојде до заостанување од само шест поени (77:83)., а во последната минута и до минус пет коша, но не создаде вистинска шанса за голем пресврт.
Зај Ледеј беше најдобар играч на Партизан во дуелот со многу фаули, со 24 поени и пет скокови, додека Кевин Пантер го следепе со 19 коша и четири скокови. Кај Црвена ѕвезда Огњен Добриќ постигна 17 поени со шест скокови и четири асистенции, додека Факундо Кампаци уфрли 15 коаш со 10 асистенции.
Вториот натпревар од финалната серија се игра во четвртокј, а домаќин повторно ќе биде Партизан. Првак на АБА лигата ќе биде екипата која прва ќе впише три победи.