АБа лига: СЦ Дерби го шокираше Партизан во Белград

Кошаркарите на СЦ Дерби направија големо изненадување со победата од 84:83 над белградски Партизан на неговиот паркет во првиот натпревар од четвртфиналето на АБА лигата во Белград.

Црногорскиот тим победи по драматична завршница во која Кевин Пантер не реализираше обид „тројка“ за победа на белградскиот тим.

Хрватскиот кошаркар Звонимир Ившиќ ги предводеше гостите до победа. Поранешниот 216 сантиметри висок центар на Шибенка постигна 22 коша и забележа 13 скока. Флечер Меги додаде 16, а уште еден хрватски играч Матео Дрежњак 11 поени со четири скока и пет асистенции.

Кај Партизан најефикасни беа Зек Ледеј со 20 и Пантер со 14 поени.

Четвртфиналната серија се игра по две победи, а следниот меч е на 18 мај во Подгорица. Подобриот од ова соочување во полуфиналето ќе игра против Цедевит Олимпија.

Во второто полуфинале Црвена звезда води со 1:0 против Будуќност.