Во дербито на 13. коло на регионалната АБА лига во драматична завршница во кошаркарите на Црвена ѕвезда го победија градскиот ривал Партизан со 89:84 (23:26, 27:25, 23:21, 16:12).
Како и во многу претходно дуели сезонава, Партизан влезе во неизвесен финиш и повторно на противникот практично му ја подари победата со две загубени топки во моментите која на помалку од минута до крајот можеше да поведе или да го одведе дербито во продолжение.
Од почеток до крај се водеше голема борба и одлични потези но се чини дека во одбраната и двете екипи играа без особено ангажирање па следеа многу чисти шутеви, и во таква игра екипите се менуваа во водство. Црвена ѕвезда на крајот успеа да победи со поангажираната игра во одбраната на одличниот Никола Калиниќ и со тоа се израмни со Партизан и Будуќности на врвот во АБА лигата со сооднос на поеди и порази 11-2.
Натпреварот го одбележа и исклучувањето на Филип Петрушев, кој на крајот од првото полувреме доби втора техничка грешка, па не можеше да им помогне на соиграчите во натамошниот тек на мечот.
Двете екипи одлично офанзивно го отворија натпреварот со погодоци за три поена. Стерлинг Браум беше одличен кај Партизан, додека во Ѕвезда во тие моменти предничеше Џоел Боломбој. Во овој период значајна улог одигра и херојот на претходното дерби Ајзеа Мајк кој со своите продори и удари за „тријки“ ја пробиваше повремено заспаната одбрана на Ѕвезда.
На почетокот од втората делница Партизан водеше со девет разлика, но Ѕвезда успеа да го израмни резултатот, и тоа беше првото изедначување од почетокот на натпреварот. Во тие моменти се истакна извонредниот Рокас Гидраитис, кој со играта во одбрана и добрите потези во нападот преку продори и погодоци, ауспеа да направи пресврт.
Следеа неколку грешки во одбраната на Ѕвезда, но со звукот на сирената Коди Милер-Мекинтајр реализираше положувањ и со тоа му овозможи на својот тим да оди на големата пауза со само еден поен заостанување.
Првото полувреме го одбележа исклучувањето на Филип Петрушев, кој ја доби првата техничка грешка во првата четвртина откако кога негодуваше на судиска одлука, но и на крајот од втората, кога по едно забивање ја оттурна топката. Овој момент можеше да биде значаен за продолжението на натпреварот, бидејќи Ѕвезда без константниот Петрушев требаше да го менува концептот на играта.
Третата четвртина ја даде можеби најдобрата кошарка до тој момент на мечот, но не се издвои ниеде играч според учиноците кај двете екипи. Видовме голем број небранети шутеви на двете страни кои завршуваа со реализација.
На крајот од третиот дел Ѕвезда успеа да излезе како победник и да влезе во последната четвртина со предност. Потоа Партизан за момент успеа да израмни, но „црвено-белите“ кои беа домаќини на овој дуел во ниту еден момент не дозволија пресврт.
Во самата завршница дербито ги доби препознатливите жар и драма за судирот на двата белградски клуба, и се водеше извонредна борба и надмудрување сѐ до последниот напад на Партизан, кога по тајмаут неговите кошаркари ја загубија топката при изведувањето. „Црвено-белите“ ја украдоа топката, тргнаа во транзиција која ја реализираа со најубавиот потег на мечот, Коди уфрли за лејап забивање на Боломој.
Прво, Стерлинг Браун не успеа по тајм-аут да ја додаде топката за пет секунди. Поради ова гостите мораа да направат фаул, но Калиниќ беше смирен и ги погоди двете фрлања за 87:84, иако дотогаш шутираше 1 од 3 од линијата за слободни фрлања. Потоа ниту Двејн Вашингтон не ја уфрли топката во поле. Ѕвезда го искористи тоа и со поените на Џоел Боломој стави точка на овој меч. Тоа беше погодокот за конечната победа, на кој Партизан немаше време да одговори, и Ѕвезда оствари важна победа во првото дерби сезонава во АБА лигата.
Најефикасен кај победниците беше Џоел Боломој со 14 поени, Никола Калиниќ додаде 13. На другата страна најмногу се истакна Карлик Џонс со 19, додека Стерлинг Браун постигна 18.