АБА лига: Задар ја победи Ѕвезда во Белград

Кошаркарите на Задар во рамките на шестото коло на регионалната АБА лига во понеделникот во вечерта ја совладаа во Белград домашната Црвена ѕвезда со 98:96 (27:19. 25:22, 23:25, 23:30).

Клучни се покажаа првите две четвртини во кои Задар дојде до 11 поени предност, Во втората половина од дуелот Ѕвезда го намалуваше заостанувањето а во последната четвртина, на минута ипол до крајот, дојде и до еден поен разлика (92:91). Тогаш Марко Рамљак погоди две слободни фрлања, а Лакиќ на 39 секунди до крајот и удар за два поена со што Задар се одлепи на 96:91.

Ѕвезда потоа се приближи на три поени разлика по кошот на Петрушев, а Дрежњак промаши шут за два поена на 10 секунди пред крајот. Откако Жганец реализираше две слободни фрлања на 8 секунди пред крајот за водство на Задар 98:93, Лазиќ погоди „тројка“ за Ѕвезда која намали на 96:98, но повеќе немаше време.

Задар до победата го предводеа Антонио Јордано со 23 коша и 5 асистенции, Дарио Дрежњак додаде 22 коша со 6 скокови и 5 асистенции, а Марио Рамљак 20 коша, 7 скокови и 6 асистенции.

Најдобар во редовите на Ѕвезда беше Бенџамин Бентил со 19 коша и 9 скокови, додека Лука Вилдоза додаде 16 коша со 11 асистенции.

Задар во моментов е трет на табелата со сооднос на победи и порази од 4-2 или 10 бодови, додека Ѕвезда е шеста со четири победи и еден пораз, односно девет бодови.