Абас го информираше Путин дека ситуацијата на Западниот брег може да „експлодира“

Израелските политичари можат да предизвикаат вистинска „експлозија“ во палестинската енклава Западен брег (на реката Јордан) која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска тероторија од страна на Израел во Шестдневната војна од 1967 година, каде што се сѐ позачестени судирите, предупредил во четвртокот претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Абас во четвтртокот рано попладнето разговарал со Путин нецели два дена по состаникот со израелскиот минисер за одбрана Бен Ганц во неговиот дом, што беше првата официјална посета на палестинскиот челник на Израел по многу години.

Состанокот на Абас и Ганц беше „последната шанса пред екслозијата“ коментираше на Twitter полестинскиот министер за цивилни прашања Хусеин ал-Шеик, без да ги наведе причините и последоците за таа можна „експлозија“.

Махмуд Абас во разговорот со Владимир Путин, чија земја е членка на ткн Квартет (ОН, ЕУ, САД и Русија) за Блискиот исток, одговорноста за можната ескалација на Западниот брег го припишал на израелските политичари.

Абас во споменатиот телефонски разговор „истакнал дека е важно Израел да го прекине едностраното постапување во врска со доселеничките населби, протерувањето на Палестинците од источен Ерусалим (…) и со тероризирањето од страна на доселениците бидејќи таквите израелски мерки ќе доведат до експлозија на ситауцијата“, пренесува службената палестинска новинска агенција Wafa.

По посетата на Абас на Израел, иако неговото лидерство се оспорува, изралеското министерство за одбрана најави „мерки на доверба“ поради подобрување на еконосмкатга позиција на Палесинската самоуправа и намалување на тензиите на Западниот брег.

Бирото за координирање на хуманитарната помош на ОН (OCHA) забележало 410 напади од израелските доселеници врз Палестинци во првите десет месеци од 2021 година, а во целата претходна 2020 година ималко 358 напади.

Во годишниот извештај на израелската војска се наведува дека во 2021 година имало 100 напади врз Израелци на Западниот брег, а една година претходно имало 60 нападит, на што се придодаваат 5.532 инциденти во кои Израелци се гаѓани со камења, а една година порано имало 4.000 такви инциденти.