Абас: Палестинските власти ќе ги „преоценат односите“ со САД по ветото во ОН

Претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас во саботата објави дека палестинските власти ќе го „преиспитаат својот однос“ со Вашингтон, откако Соединетите држави ставија вето на палестинското членство во Обединетите нации во четвртокот.

Во септември 2011 година, претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. Во ноември 2012 година, Палестина доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

„Палестинското водство ќе ги разгледа билатералните односи со САД за да гарантира зачувување на интересите на нашиот народ, нашите цели и права“, рече претседателот Абас во интервју за палестинската новинска агенција WAFA.

Палестинците, кои од 2012 година имаат статус на „држава набљудувач која не е членка“ во ОН, побараа од Советот за безбедност да прифати „палестинската држава“, која веќе е признаена од повеќето земји, да добие свое „легитимно“ место во светската организација.

Но, Соединетите држави, кои направија сѐ за да го одложат гласањето за ова прашање, не се колебаа да го искористат правото на вето, кое редовно го користат за заштита на сојузниците на Израел.

Американското вето „предизвика невиден гнев кај Палестинците и жителите на регионот, кој сега „турка“ кон уште поголема нестабилност, хаос и тероризам“, предупреди претседателот Абас. Затоа, палестинските власти имаат намера да „развијат нова стратегија“ за да ги потврдат своите одлуки на „независен начин и ќе го следат палестинскиот проект, а не американската визија“, рече тој.

Палестинското барање за полноправно членство во ОН беше поднесено шест месеци по почетокот на војната на Израел, кој тврди дека го води против милитантното движење и Хамас во палестинската енклава Појасот Газа и во периодот кога Израел и покрај критиките на меѓународната заедница ги проширува нелегалните доселенички населбите на окупираниот друга палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан).

Советот за безбедност на ОН одамна ја поддржува визијата за две држави кои живеат една до друга во безбедни и признати граници. Палестинците сакаат држава на Западниот брег, источен Ерусалим и Појасот Газа, целата територија која Израел ја окупираше во војната во 1967 година. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач, што е де факто признавање на државноста, доделен од Генералното собрание на ОН во 2012 година. Меѓутоа, барањето за полноправно членство во ОН мора да биде одобрено од Советот за безбедност и најмалку две третини од Генералното собрание.