Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, предупреди во неделата на „двојните аршини“ на западните земји коишто повикувајќи се на меѓународното право веднаш воведоа санкции против Русија поради нејзината офанзива во Украина, но и не и на Израел поради „неговите злосторства“ во палестинските енклави.
Пренесувајќи ја изјавата на Абас, AFP истакнува дека Палестинската управа не ја осудила офанзивата на Русија, членка на ткн Квартет за Блискиот исток и земја којашто официјално ја признава Палестина како држава но истовремено одржува и тесна стратешка соработка со Израел, за разлика од САД и повеќето европски земји кои сѐ уште не признаваат палестинска држава.
Ваквата воздржаност на Палестинците ги налутила западните дипломати во Ерусалим и на палестинските територии. Така. многу западни дипломати кои сакале да останат анонимни рекле за AFP дека од Палестинската управа, која според нив е најмногу финансирана од Европската унија, да ја осуди руската офанзива на Украина.
На заедничката прес-конференција којашто во неделата ја одржа заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестинскиот претседател Махмуд Абас кој во саботата го прослави 87-от роденден, јасно ги критикуваше „двојните стандарди“ на Западот во врска со Украина и со Палестинските територии.
„Сегашните настани во Европа јасно покажаа дека се применуваат двојни стандарди. И покрај злосторствата од изралеската окупација коишто можат да се споредат со етничко чистење и со расна дискриминација, а кои ги признале меѓународните организации за човекови права (…), не наоѓаме никого кој би повикал на одговорност на Израел кој се однесува како држава којашто е над законите“, критикувал Абас.
Невладините организации за заштита на човековите права Amnesty International, Human Rights Wat како и израелската B’Tselem го обвинуваат Израел дека над Палестинците спроведува „апартхејд“, а меѓународната заедница Западниот брег (на реката Јордан) и источен Ерусалим официјално ги сметаат за окупирани палестински територии во ткн Шестдневна војна во 1967 година.
„Она што се случува во Палестина не може да биде толерирано, меѓународното право не може да биде газено и се прашуваме дали ќе продолжи надмоќта на израелската окупациска власт над палестинскиот народ, понижувањето на неговото достоинство и неговите легитимни права, а да не се стори ништо за да му се стави крај на тоа“, додал Абас.