Абази не сака членство во УО на Академијата за судии поради жена му

Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодари на довербата од Советот на јавните обвинители, назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Тој ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор.

-Како што истакнав и во моето првично обраќање до јавноста, мојата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители. Со оглед на тоа што таа е пред завршување на Академијата, не сакам да има било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката, истакна Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.​