![dritan abazovic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/dritan-abazovic.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Од синоќа техничкиот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во првата изјава по изгласувањето недоверба на неговата влада во парламентот рече дека работите сега се многу појасни и упати „честитки“ за „новата коалиција на Алекса Бечиќ и Мило Ѓукановиќ“.
„Подготвени сме да извршиме примопредавање. Ова е најинклузивната влада што некогаш постоела, без реваншистички однос кон никого. Би сакал секоја наредна да биде таква“, рече синоќа Абазовиќ на прес-конференција во парламентот на Црна Гора.
Рече и дека жали што организираниот криминал продолжува да ги употебува своите краци за да ги уредува политичките односи во земјата
„Горд сум на сето она што го направивме за 100 дена. Ќе останеме запаметени како влада која траеше најкратко. Ќе направиме се за владата што ќе се формира по изборите да ја води Црна Гора во ЕУ“, рече Абазовиќ
Порача дека неговата партија УРА нема да учествува во влада доколку таква биде формирана пред одржување на нови избори.