Американската телевизиска мрежа ABC News го суспендираше Брајан Рос,својот главен истражувачки новинар, поради грешка во известувањето за поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Мајкл Флин, поради што во петокот паднаа вредностите на американските акции и доларот.
„Искрено жалиме и се извинуваме поради тешката грешка којашто ја направивме вчера… по неколку часа утврдивме дека информацијата којашто ја објавивме е погрешна, и ја исправивме и во етерот и онлајн“, соопштија од ABC News.
„Брајан Рос е суспендиран на четири седмица кога нема да прима плата, што стапува на сила веднаш“, додаваат од телевизијата којашто е во сопственост на компанијата „Walt Disney Co“.
Сменетиот советника за национална безбедност во Белата куќа, пензионираниот генерал Мајкл Флин, во петокот се изјаснил за виновен бидејќи лажел пред Федералното биро за истраги (FBI) за своите врски со Русија, и се согласи да соработува со истрагата којашто ги истражува активностите на кругови блиски на претседателот Доналд Трамп пред тој и официјално да ја презема функцијата.
ABC News наскоро извести повикувајќи се на доверлив извор, дека Флин бил подготвен да сведочи дека Трамп го упатил да стапи во контакт со Русите додека уште бил претседателски кандидат. По оваа информација главните индекси на њујоршки Волстрит паднаа за повеќе од 1 отсто.
Потоа ABC News објави исправка дека изворот објаснил оти Трамп во текот на претседателската кампања на Флин и „мал круг високи советници“ им наложил да пронајдат начини за подобрување на односите со Русија и другите жаришта.
„Набрзо по изборите претседателот Трамп му наложи на Флин да стапи во контакт со руски функционери за темите меѓу кои е и соработката против Исламската држава“, извести ABC News.