Главниот осомничен за терористичките напади во Париз во ноември 2015-тата година, Салах абдеслам денес ќе биде изведен пред судот во Брисел.
Неговото прво рочиште ќе се случи во мигот кога се поголем број на знаци укажуваат дека истата ќелија на терористичката Исламска држава стои зад нападите и во Брисел и во Париз.
Абдеслам денес претпладне ќе се најде пред судиите, откако беше уапсен минатата недела во Моленбек, белгиската населба каде пораснал, пренесува АП.
Абдеслам бара екстрадиција во Франција
Абдеслам побарал да биде екстрадиран во Франција колку е можно побрзо, изјавил неговиот адвокат, пренесува француската телевизиска куќа BFM TV.
Денес белгискиот суд треба да одлучи дали ќе му одреди мерка притвор од еден месец.
Француските власти бараат тој да биде испорачан во Париз, каде го чекаат обвиненија за тероризам поради учеството во нападите изведени на 13-ти ноември на повеќе локации во Париз, во кои што беа убиени 130 луѓе.
Европските власти наведоа дека еден од бомбашите самоубијци што во вторникот го изведоа нападот врз аеродромот Завентем во Брисел е осомничен и за учество во нападите во Париз.