Абдусамед Шабани од денеска е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје.
Директорската функција на Шабани му ја примопредаде досегашниот директор на претпријатието, Ракип Дочи.
Од ЈП „Комунална хигиена“ информираа дека Шабани и Дочи разговарале за предизвиците и новите трендови во справувањето на комуналниот отпад во градот Скопје и насоките во раководењето на едно од најголемите јавни претпријатија кое е со витално значење за функционирањето на главниот град и неговите жители.