Абхазија е подготвена да го разгледува признавањето на независноста на Каталонија, доколку добие соодветен одговор, изјави во петокот министерот за надворешни работи Кан Танија, додека Белград изјави дека не ја признава независноста на Каталонија, како и дека ја почитува територијалната целост на Шпанија.
„Ние сме подготвени да го разгледуваме прашање за признавањето на Каталонија за независност на државата, но досега е прерано да се зборува за тоа. Сѐ уште има голем број правни акти, кои треба да биде поткрепени со доредени нормативно првни акти, кои треба да бидат одредени од страни на Владата на Каталонија, како независна држава. Потоа, доколку тие се обратат кон нас со барање за признавање, сигурно сме подготвени тоа да го разгледуваме“, изјави Танја.
Според него, Абзахијците „се заинтересирани за воспоставување на билатерални односи со каталонските политичари, нивните челници и со сите граѓани на Каталонија, но само тоа е во интерес на нивната земја“, додал.
Тој, исто така, истакна дека претставникот на министерството за надворешни работи на (самопрогласената) република Абхазија дејствува од 2014 година, иако не поставува претставништво.
„Сличноста меѓу Косово и Каталонија постојат исклучиво во една работа, а тоа се еднострани потези. Косово и Каталонија имаат ист пат, но во овој случај, големите сили не ја признаваат независноста на шпанскиот регион“, изјави во петокот вечерта Ивица Дачиќ, шефот на српската дипломатија.
„Нема, белким, овој свет да се заснова на тоа дали нѐ сакат големите сили не, туку на меѓународното право“, изјави надежи Дачиќ.