Доколку не успее во намерата да ги осигура услугите на најскапата аквизиција во клупската историја на францускиот прволигаш ПСЖ, уругвајскиот интернационалец, Единсон Кавани, сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович, своето внимание ќе го насочи кон репрезентативецот на Хрватска од редовите на Баерн (М), Марио Манџукиќ.
Фудбалските медиуми во франција се убедени дека Кавани ќе ја смени клупската средина за време на летниот преоден рок, но заинтересираниот клуб ќе мора да испрати официјална понуда не помала од 60 милиони евра.
Таквото побарување може да биде проблем и за сопственикот на лондонските “сини” кој може за дупло помала сума да ги осигура услугите на најдобриот голгетер во дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).